SD3 е дел од структурата на француското здружение DEF (Détection Electronique Française), создадено во 1958г. и обединува 15 компании во сферата на детекција и дојава на пожар со околу 1 000 вработени. Во структурата на SD3 се вклучени 4 фабрики, кои произведуваат различни производни линии во областа на детекција и дојава на пожар како и гаснење на пожар.
SD3 била партнер во крупни проекти, како градење на систем за детекција и дојава на пожар за EUROTUNNEL, кој ги поврзува Франција и Велика Британија, како и за големи административни згради и објекти од општествено значење – атомската електроцентрала EDF (Франција), бизнис центар во Дубаи, аеродромот Charles de Gaulle (Парис) и Центарот за наука и индустрија (Франција).
За повеќе информации може да го посетите сајтот на производителот: www.sd3.fr

